Економија 15.08.2018 13:34

Шилегов нема време за комарците, се подновил со нова викендица во Маврово?!

Шилегов нема време за комарците, се подновил со нова викендица во Маврово?!

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов според информациите до кои дојдовме неодамна се подновил со нова викендица во Маврово.

Викендицата се наоѓа на неколку метри од мавровското езеро и истата ја има купено како карабина. Во тек се градежни работи, на лице место може да се забележи градежна механизација, багери и булдужери како ја оформуваат парцелата и работници ја доградуваат викендицата.

Куќата е на два ката, со потпорни зидови, и е со површина од неколку стотина метри квадратни. Неофицијално, Шилегов карабината ја купил за 55 илјади евра.

Шилегов истата уредно ја има пријавено во анкетниот лист каде може да се види дека поседува уште 4 станови и трокатна куќа во Скопје. Тој поседува и адвокатска канцеларија со повеќе од 10 вработени.

Според нашите информации, Шилегов планирал пензионерските денови да ги минува во Маврово.