Актуелно 09.03.2020 14:39

Шилегов пак ќе руши! Кога нешто, за промена, ќе изгради?

Шилегов пак ќе руши! Кога нешто, за промена, ќе изгради?

Градоначалникот од редовите на СДСМ, Петре Шилегов во нова акција контра претходната градска власт. По востановениот урнек и манир на дејствување, Шилегов пак ќе руши. За градење на нешто, скопјани, очигледно, ќе почекаат. А можеби, ќе останат и без вакво дејание на градоначалникот…

На денешната прес конференција, тој мошне агилно ја извести јавноста дека една од трите галии во Вардар ќе била отстранета од Вардар, без тоа да предизвика финансиски трошоци за Градот. Ова, демек, треба да ги утеши граѓаните.

-Започната е постапка за отстранување на првата галија од Вардар. Водевме сериозна постапка за отстранување на галијата без да има финансиска импликација за Градот. Сопственикот има рок од 30 дена да ја отстрани сам, или Градот тоа ќе го направи на негов трошок, рече Шилегов.

Шилегов истакна дека безбедноста на граѓаните му била на прво место, бодејќи имало сериозна опасност да ја загрози безбедноста на граѓаните.

-Дислокацијата на овој објект е втор што се отстранува, по споменикот на Чосето  се надевам дека и во иднина ќе се создадат услови за отстранување на други објекти, рече Шилегов, очебијно не знаејќи дека се изговара Ќосето, со Ќ, не со Ч. Можеби, пак, во востановената шема, „градскиот татко“, кој е потатко за голем дел од граѓаните на кои треба, но не им служи, се потсмеваше со оваа историска личност.

Граѓаните и натаму остануваат во силно и постојано очекување дека конечно, по толку години на позиција, Шилегов нешто и ќе изгради.