Живот 07.08.2018 12:11

Шкотска се противи на излегувањето на Британија од ЕУ без договор

Шкотска се противи на излегувањето на Британија од ЕУ без договор

Шкотска ја обвини британската влада за „фалење” околу Брезит и тоа без договор со ЕУ.

Поради ова велат станува се појасно и поверојатно дека Велика Британија ќе излезе од Европската унија, и тоа со големи економски трошоци.

Ваквиот став Шкотска го изнесе непосредно пред состанокот кој треба да го имаат со британската влада, односно со премиерката Тереза Меј.

Вчера пак британскиот министер за трговија, Лиами Фокс, соопшти дека Лондон најверојатно нема да постигне договор со Брисел за напуштање на Европската Унија до крајот на март следната година, кога е и крајниот рок Британија да го пушти блокот.