Економија 16.11.2018 16:11

Шпанија ги затвора своите нуклеарни централи

Шпанија ги затвора своите нуклеарни централи

Властите во Шпанија работат на затворање на постојните нуклеарни централи во земјата во текот на следните 10 години, рече државниот секретар за енергија, Хозе Домингес.

Тој прецизира дека шпанската влада не планира да ги обнови лиценците на нуклеарните централи, кога нивниот рок на експлоатација ќе достигне 40 години.

Во врска со тоа седум реактори кои сега се наоѓаат на територијата на Шпанија, ќе бидат исклучени во периодот 2023-2028-ма година.

„Ќе водиме преговори за да може нивното затворањето да стане постојано и во договор со претпријатијата, со гаранции за нивното последователно демонтирање“, прецизира Домингез.

Пред малку повеќе од една година Владата одлучи да ја затвори конечно тогаш најстарата нуклеарна централа во Шпанија „Санта Марија де Гароња“, пуштена во употреба во 1971-ва година.