Економија 31.07.2024 13:39

Шпанија го казни Букинг 413,2 милиони евра за злоупотреба на доминантна положба

Шпанија го казни Букинг 413,2 милиони евра за злоупотреба на доминантна положба

Антимонополската комисија во Шпанија ја казнија компанијата за онлајн резервации на сместување Букинг со 413,2 милиони евра за злоупотреба на нивната доминантна позиција на пазарот изминатите пет години, пренесе Ројтерс.

Регулаторот изјави дека го казнуваат Букинг со две казни од 206,6 милиони евра бидејќи тие од 2019 година ја злоупотребувале нивната позиција на пазарот во кој имале доминација на 70 до 90 отсто од резервациите за да постават нефер услови за хотелите и ја ограничувале конкуренцијата.

Од Букинг најавуваат дека ќе се жалат за казните и дека не се согласуваат со обвинувањата против нив. Според нив ова прашање треба да се разгледува согласно Законот за дигитален пазар на ЕУ.

Тужбите против Букинг биле поднесени од Шпанската асоцијација на менаџери на хотели и Бизнис асоцијацијата на хотелиери од Мадрид во 2021 година.

Регулаторот вели дека Букинг им забранувал на хотелите д нудат пониски цени на нивните сајтови од тие што се на Букинг и дека истовремено наложувале попусти на цените без да ги консултираат хотелите.

Букинг исто така ги терал шпанските хотели, доколку имаат конфликт да ја тужат компанијата во Холандија.