Стартуваше имиџ кампањата на Шпаркасе Банка АД Скопје, која и понатаму е силно фокусирана на своите клиенти и на нивните потреби. Со својот експертски тим останува доследна на својата мисија, да гради доверба и долгорочно партнерство, препознавајќи ги очекувањата и потребите на клиентите.
Грижата за клиентите е најважна за Шпаркасе Банка, нивното задоволство останува еден од врвните приоритети. Секое дејство, решение и иновација се насочени кон нивното задоволство и успешност. Континуираната работа на унапредување на понудите, ја прави Шпаркасе прва и единствена банка што воведе фиксни каматни стапки на станбените и на потрошувачките кредити, со цел да обезбеди стабилност и да ја намали неизвесноста што клиентите ја чувствуваат поради условите на пазарот.
Политиките на Банката се надополнети со прецизни предвидувања и обезбедување решенија за иднината, зашто силата и моќта се во иновативните решенија и способноста да се одговори на предизвиците на модерното банкарство во иднината.
Шпаркасе Банка силно верува дека заедно можеме да инспирираме верба и оптимизам, и исто како досега, така и понатаму ќе продолжи да нуди квалитетни и атрактивни понуди на производи и услуги, креирани според потребите на своите клиенти, и да обезбедува најдобри услови и конкурентни каматни стапки на пазарот.
Од своето постоење, Шпаркасе Банка АД Скопје се позиционира како општествено одговорна компанија посветена на одржливост. Една од нашите примарни амбиции е да се развиваме како одржлива банка, задоволувајќи ги потребите на денешницата, и притоа да ја заштитиме иднината за следните генерации. ()