Актуелно 14.10.2020 11:53

Што му ветил Зоран Заев на Бојко Борисов и дали Македонија ја чекаат нови уставни измени по теркот на грчкиот договор?

Што му ветил Зоран Заев на Бојко Борисов и дали Македонија ја чекаат нови уставни измени по теркот на грчкиот договор?

Додека власта тргува со Македонија, македонскиот идентитет, јазик, нација… македонскиот народ е исфрлен од сите процеси и за сите информации дознава од други страни. Зоран Заев и неговиот тим имаат храброст за преговараат за измени на македонскиот Устав насекаде, само не таму каде што треба – во очи со граѓаните.

Откако поразителниот договор со Грција ни нанесе голема штета, сега информациите говорат дека ни се спрема уште еден таков, со Бугарија. Секојдневно станува јасно дека договорот за пријателство, како што Заев го нарече, е само уште еден договор за НЕпријателство потпишан од него.

Проблемот со Бугарија настана откако Заев го ветил тоа што од него денес бараат да се исполни. За ова има лични признанија од врвни бугарски политичари, но кај македонските молк за тоа што го договориле.

Заев како премиер е должен да каже дали последните барања од Захариева се уставни промени по теркот на договорот со Грција за редефинирање на македонската нација и откажувањето од македонската историја.

Овој проблем и скандал го обелодени синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето на „Само интервју“.

-Проблемот кој го имаме со источниот сосед, не е таму проблемот само Гоце Делчев, таму имаме низа проблеми и за сите тие проблеми треба внимателно да ги следиме и да реагираме. Затоа што овој пат ни треба поддршката од целата македонска јавност. Ние не смееме да оставиме политичари буквално да дивеат спасувајќи ги своите политички кариери уништувајќи нација асимилирајќи нација, уништувајќи ја современата македонска држава, рече Мицкоски.

Според него, авантуристички не се потпишуваат договори кои во минатото и поискусни политичари не ги потпишале.

-Јас ќе ви ја кажам вистината, дека ова што го бараат е ветување на Заев уште пред изборите во 2016 година. Прво ги загрози шансите за европска перспектива, а да, никој проблем не се игнорира. Еве ќе ви дадам уште една екслузивна информација да го прашаме министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точно дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите, посочи Мицкоски.

Заев е ДОЛЖЕН веднаш и за сето ова да ја информира македонската јавност. Народот заслужува  одговори. Вистински срам е овие информации да се дознаваат од други страни, а не од официјални избори од Владата.

Премиерот нека ја погледне јавноста во очи, нека собере трошка храброст и нека одговори што македонско сега ставил на продажба!