За време на посетата на Националниот центар за рехабилитација, принцот Вилијам не можел да ја одбегне темата поврзана со родителството. Како татко на три мали деца, логично е тоа што медиумите многу често му поставуваат прашања во врска со тоа како се снаоѓа во улогата на татко.
Овој пат, војводата од Кембриџ открил како и зашто неговата работа го заинтересирала син му, принцот Џорџ.
„За време на еден ангажман, мојата задача беше да го покренам рушењето на една зграда. Син ми беше присутен, а во тој период обожаваше да гледа багери во акција. Така успеав да добијам поени како одличен и забавен татко“, се присетил Вилијам, кој неодамна добил уште еден син, принцот Луис.
Со оглед на тоа што малиот Џорџ брзо расте, не е лесно да се задржи неговото внимание со исти работи, па принцот Вилијам се обидува да биде што е можно пооригинален.
Познато е дека малиот престолонаследник ги обожава сите видови возила, а посебно хеликоптерите и леталата. Токму затоа, за време на ангажманите што ги вклучуваат, Вилијам секогаш се обидува да го земе со себе и син му кој притоа не може да ја скрие возбудата.
Дали двомесечниот Луис ќе го следи примерот на постариот брат или ќе има други интереси, останува да видиме. Освен тоа, тригодишната ќерка Шарлот исто така е темпераментно дете, а како што расте покажува сè поголем интерес за модата.