Мозаик 29.06.2023 11:50

Што сте според келтскиот хороскоп и какви се вашите карактеристики?

Што сте според келтскиот хороскоп и какви се вашите карактеристики?

Келтскиот хороскоп според многумина е најточниот хороскоп во светот. Поделен е на 13 знаци и датумите не се исти како на хороскопот што го читаме секојдневно.

Секој знак е именуван според животно, птица или инсект. Знаете ли што сте според келтскиот хороскоп и какви се вашите карактеристики? Пронајдете го вашиот знак врз основа на датумот на раѓање и дознајте кои се главните црти на вашата личност:

Елен (24 декември – 20 јануари)
Трпеливи, доследни, сериозни. Несомнено, тоа се луѓе со благородна природа на кои може да им се верува. Сепак, тие можат да ги преминат сите граници за да го постигнат она што го сакаат. Нивната најголема мана е тоа што се обидувaат да стигнат до целта без оглед на средствата што ќе ги користат.

Мачка (21 јануари – 17 февруари)
Паметни, шармантни и привлечни личности. Знаат да им угодат на другите луѓе, но и да бидат во центарот на вниманието. Во љубовните врски знаат да бидат малку манипулативни и склони кон игри. Однадвор делуваат грациозно и кул, но однатре често се многу несигурни.

Змија (18 февруари – 17 март)
Овие луѓе се исклучително љубопитни, често ги преминуваат границите и преземаат ризици во животот. Тие се родени како победници и силно се борат за своите амбиции. Овие луѓе се речиси секогаш успешни. Сепак, наоѓаат рамнотежа помеѓу семејните и деловните аспекти на својот живот.

Лисица (18 март – 14 април)
Зајадливи, храбари и многу убедливи. Тие се способни да влезат во авантура без воопшто да се грижат за последиците. Подготвени се секоја ситуација да ја свртат во своја полза. Тие се исклучително способни личности.

Бик (15 април – 12 мај)
Ова се пријатни луѓе кои ќе внесат радост во вашиот живот. На нивната тактичност се восхитуваат многу луѓе. Сепак, тешко ги контролираат своите зборови во ситуации кога се повредени. Комуникацијата може да биде нивна предност, но и нивен најголем недостаток. Како пријатели се одлични, како непријатели се сурови.

Морски коњ (13 мај – 9 јуни)
Ова се флексибилни личности способни да се прилагодат на секоја средина. Ако се зафатат со некоја работа, сигурно ќе ја доведат до успешен крај. Овие луѓе се подложни на ласкање – сакаат да делат комплименти за да стигнат до целта. Во љубовните врски знаат да бидат исклучително тактични, па дури и склони кон игри.

Славеј (10 јуни – 7 јули)
Овие луѓе можат да ја поддржат и мотивираат секоја личност. Тие имаат развиена емпатија, ја чувствуваат тагата на другите и се стремат да помогнат и да се грижат за оние на кои тоа им е потребно. Сепак, тешко е да се изгради личен однос со нив.

Коњ (8 јули – 4 август)
Тие се необични, тврдоглави и одмаздољубиви, и покрај тоа луѓето родени во овој знак се подготвени да дадат сè што имаат за пријателите. Огнениот темперамент ги наведува да бидат победници во животот, а во љубовта се склони кон конфликти и тешко ја наоѓаат својата сродна душа.

Лосос (5 ​​август – 1 септември)
Тие ја слушаат и апсорбираат секоја информација, имаат тенденција постојано да го развиваат својот интелект. Имаат силна самоконтрола и никогаш со никого не се расправаат. Овие луѓе се друштвени и уживаат во почитта од околината. Нивното срце изгледа студено и затворено, но всушност е нежно и кревко.

Лебед (2 септември – 29 септември)
Обично тоа се луѓе со стил. Имаат чувство за естетика и знаат како да уживаат во овој свет. Сепак, можат да бидат и арогантни. Претпочитаат да комуницираат со луѓе од нивниот круг, тешко им е да создаваат нови познанства. Имаат многу способности и таленти.

Пеперутка (30 септември – 27 октомври)
Ова се исклучително позитивни луѓе, кои се големи оптимисти. Совесни се и ненаметливи. Тие имаат тенденција да ги идеализираат другите луѓе, но ако се разочараат, засекогаш ја прекинуват врската со другите. Нивната мана е што можат да бидат таинствени нарциси.

Куче (28 октомври – 24 ноември)
Родените во знакот на Куче се лојални и на пријателите и на саканата личност. Меѓутоа, ако ги повредите, може засекогаш да заминат и да станат рамнодушни. Овие луѓе секогаш ќе ве поддржуваат, но можат да бидат особено чувствителни. Често се разочаруваат во љубовта, но веруваат во вечната љубов додека не ја пронајдат.

Сокол (25 ноември – 23 декември)
Доминантни по природа, секогаш ги постигнуваат своите цели и ги исполнуваат своите ветувања. Можете да се потпрете на нив. Многу луѓе би сакале да ги имаат во својот живот. Сепак, тие ги почитуваат само оние што се еднакви на нив и секогаш ќе сакаат да покажат надмоќ над другите.