Ништо од најавеното зголемување на платите на вработените во Шумската Полиција. Незадоволни од неисполнетите ветувања, шумските полицајци излегоа на протест пред Министерството за земјоделство и шумарство.
Ништо од најавеното зголемување на платите на вработените во Шумската Полиција. Незадоволни од неисполнетите ветувања, шумските полицајци излегоа на протест пред Министерството за земјоделство и шумарство. Бараат одговор од министерот зошто се уште не им се зголемени примањата. Велат веќе неколку децении живеат со истите плати, без притоа да земаат повеќе пари за работа во смени, ноќни дежурства, викенд и празнични дежурства, а не им е платена ниту прекувремената работа. Доколку министерството не им излезе во пресрет, велат дека ќе излезат на помасовни протести, а ако е потребно и на генерален штрајк.
Се уште неисполнетите ветувања за раст на платите во Шумската полиција, Владата ги даде кон крајот на февруари. Тогаш владиниот портпарол рече дека паднала одлука за зголемување на платите за 30%. Сепак, се уште нема склучено нов Колективен договор со кој на овластените службени лица би им се овозможило плаќање на работа во смени, на ноќна работа и на празник, како и старт на постапка за стекнување право на бенефициран стаж. Повисоки примања годинава очекуваат 330 шумски полицајци и 45 административци во Шумската полиција.
извор: Алфа