Финансии 07.06.2018 09:14

Швајцарска компанија ќе бара злато во Црна Гора

Швајцарска компанија ќе бара злато во Црна Гора

Швајцарската компанија Fusion Fund I AG ќе копа злато и други племенити метали во рудникот Брсково кај Мојковци, Црна Гора, објави Portal Analitika.me. Рудникот е потенцијален извор и на олово, цинк и бакар, а Швајцарците имаат децениско искуство во истражување на племенити метали. Утврдено е дека Брсково има потенцијал за ископ на околу 1,5 милиони тони руда со различна содржина.

Компанијата има почетен капитал од 1 милиони евра и планира да го реактивира рудникот по сите еко-стандарди и да го врати на мапата на еден од најпотенцијалните рудници во Европа. Првата експлоатација на рудникот била во далечната 1253-та година. Швајцарците ја презедоа работата, односно проектот Брсково од австралиска компанија, којашто во
изминативе години требаше, но не ги исполни планираното.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.