Економија 23.02.2024 09:58

Швајцарски „Нестле“ со уште поголема добивка по големите поскапувања

Швајцарски „Нестле“ со уште поголема добивка по големите поскапувања

Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле објави дека неговите приходи благо паднале во 2023 година под притисок на неповолните девизни курсеви и стагнантната продажба што ги надминувала повисоките цени.

Минатата година приходите на компанијата паднаа за 1,5 отсто, на 93 милијарди швајцарски франци (97,8 милијарди евра). Неповолните курсеви ја намалија за 7,8 отсто, а нето-продажбата на средства за 0,9 отсто, пренесува Ројтерс.

Минатата година Нестле најмногу ги зголеми цените во Европа – за 10,6 отсто, што резултираше со пад на продажбата од 2,4 отсто.

Нето добивката на групацијата минатата година била за 20 отсто поголема отколку во 2022 година, скокајќи на 11,2 милијарди франци.

Прехранбените компании ги зголемуваат цените повеќе од две години, наведувајќи ги повисоките влезни трошоци за енергија, транспорт и земјоделски суровини.

Според извршниот директор Марк Шнајдер, во првиот квартал ценовната политика треба да биде многу помека, а растот „многу повеќе заснован на обемот на [продажбата] и асортиманот“. ()