Економија 01.12.2023 11:58

Силен раст на Волстрит во ноември

Силен раст на Волстрит во ноември

На Волстрит, индексите S&P 500 и Dow Jones пораснаа во четвртокот, завршувајќи го ноември со најголем месечен раст за повеќе од една година.Така, Dow Jones вчера зајакна 1,47 отсто, на 35.950 поени, додека S&P 500 порасна за 0,38 отсто, на 4.567 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,23 отсто, на 14.226 поени.Во текот на ноември, Dow Jones порасна за 8,8 отсто, што е негова најголема месечна добивка од октомври минатата година. S&P 500, пак, скокна за 8,9 отсто, а Nasdaq индексот за 10,7 отсто, па забележаа најголем месечен скок од јули минатата година.Ова е благодарение на слабеењето на инфлацијата во САД, поради што инвеститорите се убедени дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки.Дополнително, американската економија постојано расте, па се проценува дека ќе ја избегне рецесијата и покрај наглото зголемување на каматните стапки од страна на Fed во последната година и половина. Во последните денови инвеститорите внимателно ги следат пораките на првиот човек на Fed, од кои може да се заклучи дека централната банка најверојатно го завршила циклусот на зголемување на каматите.Сепак, во зависност од движењата на инфлацијата, каматните стапки би можеле да останат на покачени нивоа подолг период од очекуваното. Пооптимистичките аналитичари проценуваат дека Fed би можел да започне со намалување на каматните стапки веќе во март, додека пореалните тоа го очекуваат кон средината на следната година.Во ноември силно пораснаа и европските берзи – индексот Stoxx на 600 најважни европски акции порасна за речиси 6 отсто.Азискиот индекс MSCI, пак, порасна за повеќе од 7 отсто во ноември, што е негов најголем месечен скок од јануари.Благодарение на ова, индексот MSCI на 47 најголеми светски берзи минатиот месец порасна за речиси 9 отсто, по три месеци пад.

()