Актуелно 14.04.2019 17:21

Силјановска Давкова: Влезот во ЕУ и НАТО не носи по автоматизам економски прогрес

Силјановска Давкова: Влезот во ЕУ и НАТО не носи по автоматизам економски прогрес

На денешната дебата помеѓу кандидатите за претседатели на Сител Телевизија кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова кажа дека влезот во НАТО И ЕУ не значи по автоматизам и  економски развој.

Таа своето излагање го подржа со факт за соседна Србија за која кажа дека најголем број на странски инвестиции има токму оваа земја која не  е ниту член на НАТО ниту на Европската Унија.

Кандидатот за претседател Силјановска Давкова потенцираше дека Србија има далеку повеќе странски инвестиции и од Словенија и од Хрватска и од Бугарија кои се членки на НАТО и на ЕУ.

Таа истакна дека сите анализи покажуваат дека влезот во НАТО и ЕУ не значи по автоматизам прогрес во економијата.

Исто така Силјановска го потенцираше и негативниот пример со Грција која е дел од НАТО и Европската Унија но сепак беше во економска криза.