Актуелно 28.01.2020 17:59

Силјановска Давкова: Законот преку член 109 директно се меша во надлежноста на Советот на јавни обвинители

Силјановска Давкова: Законот преку член 109 директно се меша во надлежноста на Советот на јавни обвинители

Универзитетската професорка по уставно право Гордана Силјановска Давкова на денешната јавна расправа за Законот за Јавно обвинителство посочи дека член 109, став 1 и став 2 е потребно да се корегираат бидејќи директно се мешаат во Советот на јавни обвинители.

Член 109 апсолутно и став 1 и став 2 не им е место во Законот за јавно обвинителство, зошто значи директно мешање на законот во работата на советот на јавни обвинители. Имено во рок од 30 дена од влегувањето на сила на овој закон се вели дека Основно јавно обвинителство ќе донесе одлука за зголемување на бројот на јавни обвинители за гонење на висок криминал, не може закон тоа да надреди, тоа е нивна работа врз основа увидот на јавните обвинители и мислам дека ова не е страшно да се корегира. И втората се вели дека во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката од ставот 1, Советот на јавни обвинители ќе распише оглас, ниту ова не може во овој закон да го пишува, бидејќи не е работа на овој закон, изјави Силјановска Давкова.