Живот 13.03.2019 11:30

Силните жени не молат, тие си заминуваат кога треба

Силните жени не молат, тие си заминуваат кога треба

Речиси секоја жена дала шанса на друга личност која не го заслужува тоа.

Секоја жена запознала некого кој го засакала и за кој изгледало и дека тој ја сака неа. Искри насекаде, копнеж еден за друг, разбирање и страст. Нештата изгледаат предобри за да бидат вистински.

И така и испаѓа.

Момчето потоа се повлекува, започнува да игра игри, ја прави жената да размислува што не е во ред. Кога таа поставува прашања, тој не одговара и таа се прашува дали проблемот е во неа. Дава шанси, една па друга, па уште една.

Си вели дека е можно да направила нешто погрешно и дека добро е да се потруди да ги исправи работите, бидејќи таа личност и значи. Таа ја покажува својата ранлива страна, а тој се однесува уште полошо. И, таа е полна со разбирање, се обидува да направи компромис и да донесе позитивна енергија зошто сака работите да успеат.

Но, оваа жена не моли. Таа си заминува кога не е ценета.

Таа знае дека бесполезно е да троши енергија на некој кој не го заслужува тоа. Таа умее да чита од знаците. Не сака ни секунда повеќе да остане со некој кој се однесува како да не е заинтересиран за неа. Зошто би го губела своето време на тоа?

Силните жени не молат никогаш. Тие си заминуваат.