Синот на пратеникот Горан Мисоски, Кристијан Мисоски, од 17 пријавени кандидати, бил вработен на конкурсот во Агенција за супервизија на осигурување. Оваа агенција е една од подобро платените државни институции. Таму платата ќе му биде 33.000 денари, а ќе работи како стручен соработник за супервизија, пишува порталот Република.
Не чекал многу за вработување, Кристијан Мисоски дипломирал економски факултет на Американ Колеџ лани во ноември 2018-та година, после неколку години неуспешно студирање на Универзитетот Кирил и Методиј. Постои сомнеж за судир на интереси бидејќи Горан Мисоски е пратеник, а директорот на Агенцијата за својата работа одговара токму пред Собранието.
Денеска синот на Мисоски почнал на работа во Агенцијата за супервизија на осигурување, а по ургенција на неговиот татко пратеник за да биде побрза работата, пред да се распишат изборите на 8-ми февруари.
Токму Мисовски го даде еден од 80-те гласови за Северна и гласаше за промена на името, пишува Република.