Актуелно 17.04.2019 09:55

Сиромаштијата се повеќе зема замав: 450 000 луѓе немаат доволно оброци дневно

Сиромаштијата се повеќе зема замав: 450 000 луѓе немаат доволно оброци дневно

Црвен крст и невладините организации во земјава проценуваат дека околу 45 000 луѓе или 22 отсто од населението живее во сиромаштија и дека нема доволно оброци на ден.

Повикувајќи се на податоци од ДЗС од невладината организација „Сити сити“ укажуваат на тоа дека има 445 000 луѓе кои живеат под прагот на сиромаштија, а во 2017 година тој број бил 460 000 . Граѓаните кои државата ги води како сиромашни, не можат да ги имаат сите неопходни одброци во текот на денот, вели Блаже од организацијата.

Црвениот крст и НВО на терен бројат колку луѓе живеат во сиромаштија и какви им се приходите. Водат сметка за бездомниците на скопските улици, кои се движат на вообичаени локации во градот, си помагаат едни на други.

Во скопскиот пункт за бездомници „Момин поток“ има 23 кревети, но како што наведуваат вработените, бидејќи бројот на бездомници е значајно поголем, приморани се да поставуваат душеци по подовите за да примат што поголем број, посебно во текот на зимските денови.

Овој пункт на Црвениот крст за бездомници работи веќе 10 години, а бездомниците добиваат двапати неделно ручек а во зима и сместување.