Заборавете на хемиските супстанци за зајакнување на имунитетот, па подгответе сируп од природни состојки и лековитиот ѓумбир…
Ѓумбирот одамна е познат како исклучително здрава намирница која лекува артритис, хемороиди, му дава на организмот енергија, но сепак е најдоброто средство за зајакнување на имунитетот.
Состојки:
– 400 гр ѓумбир
– 1 кг шеќер
– 1,5 кг лимон
– 2 л вода
Подготовка:
Коренот од ѓумбирот излупете го и изрендајте го, додадете го шеќерот, сипете вода и добро промешајте. Потоа исцедете го лимонот, промешајте, ставете ја смесата во шишиња и чувајте ја во фрижидер.
Сирупот пијте го секојдневно разблажен со вода во размер по желба.