Актуелно 16.08.2019 16:04

Сите економски индикатори покажуваат дека економијата тоне додека браќата Анѓушев се богатат на штета на државата

Сите економски индикатори покажуваат дека економијата тоне додека браќата Анѓушев се богатат на штета на државата

Скоро сите економски индикатори според Државниот завод за статистика се катастрофални и имаат пад и тоа има пад на довербата во преработувачката индустрија ,пад на искористеноста на производните капацитети ,пад на бројот на вработени во преработувачката индустрија пад на очекувањата за нарачките во наредниот период, пад на оценка за економската состојба на деловните субјекти и н пад на сигурноста во деловното окружување.

 

Според економистите и експертите Македонија ја чека тешка година на економски план а не како што ветуваше премиерот Заев и вице  – премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев дека 2019 ќе биде економска година и дека ќе има инфраструктурен  и инвестициски бум. Бум се случи единствено во негативна смисла , со што и капиталните инвестиции изнесуваат очајни 20.33 % и тоа влијаеше врз градежништвото каде е забележан пад на издадените одобренија за градба за месец јуни споредено  со минатата година.

И додека економијата тоне  браќата Анѓушеви добија  државно земјиште за градба на хидроцентрала во Тиквешијата и покрај можниот конфликт на интереси.  Така на над девет илјади квадратни метри државно градежно земјиште со непосредна спогодба е дадено под закуп на фирмата МХЕ Тополки од Скопје каде  ќе се гради мала хидро електрична централа и придружни објекти, Инаку, одлуката е донесена на 11 – ти јуни годинава, а долготрајниот закуп на 32 парцели во село Дреново во Тиквешијата го потпишала вицепремиерката Радмила Шекеринска.

Понатаму, името на фирмата Тополки е речиси непознато за јавноста. Но, како што тврди телевизија  „Алсат“, компанијата која се спогоди со државата за закуп на државно градежно земјиште управител е Тодор Анѓушев – брат на вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев. Тековната состојба на фирмата во Централниот регистер покажува дека Тополки која ќе гради хидроелектрична централа, е во сопственост на Хидро Холдинг, а содружник во сопственоста е и Феро Инвест.

Газди пак, на Феро Инвест се вицепремиерот Кочо Анѓушев, брат му Тодор и извесен Никола Гравчевски.

Премиерот  Заев и вице- премиерот  Анѓушев очигледно не ги загрижува конфликтот на интереси со оглед на фактот што извршуваат државни функции иако на почетокот на мандатот ветуваа дека нема да учествуваат на државни тендери токму заради избегнување на ваков  тип на сомнителни случаи.

Анѓушев е познат по тоа да ја злоупотребува својата положба за да добие поволности од државата како скандалот пред некое време со парите од Фондот за иновации во кој фирма на вице – премиерот доби 160.000 евра државни пари за кој прво тврдеше дека нема ништо спорно за на крај да се повлече од тендерот.

Очигледно е дека за вице премиерот  старите навики тешко умираат за да стане пак актуелен со неговиот брат со градбата на хидроцентрала во Тиквешијата.

И додека луѓе блиски на Заев се богатат на државна сметка и се зафатени со терање на сопствените бизниси за македонската економија никој не води сметка. Инаку Македонија доживеа и  пад на листата на „Financial Times“  во делот на индексот за успешност на Гринфилд  инвестициите ФДИ за 2019 за 15 места споредено со лани.