Актуелно 16.09.2018 22:45

СКАНДАЛ: Дете се онесвести за време на говорот на Заев, тој го изигнорира, го погледна и продолжи

СКАНДАЛ: Дете се онесвести за време на говорот на Заев, тој го изигнорира, го погледна и продолжи

Вистински скандал се случи за време на денешниот митинг на власта кој се одржа пред канцелариите на ЕУ во Скопје.

Имено едно од децата кое стоеше на бината позади Заев се онесвести за време на исцрпниот говор. Во тој момент, премиерот  Заев го погледна детето кое ја изгуби свеста и продолжи со својот говор без око да му трепне. Додека се обидуваа другите деца да му помогнат и изнесат од бината, Заев си продолжи со својот говор, како ништо да не се случило, како да не е во прашање детски живот.

Многу пати до сега, јавноста, но и експертите упатуваа критика за бескурпулозното користење на децата во кампањата која е во тек, за снимените спотови за референдумот каде што се појавуваат малолетни деца, за искористувањето при стоење на бина, и вклучувањето во кампањата.

Сепак очигледно е дека ниту скапо платената кампања, ниту пак жестоката пропаганда и лажните вести и искористувањето на деца за кампања не му помогнаа на Заев да ги убеди граѓаните да си го променат името и да се откажат од јазикот и идентитетот, па поради тоа тој денес мораше да носи со автобуси поддржувачи од другите градови на протестот во Скопје. Има информации дека се носеа луѓе од внатрешноста на Македонија со присила и уцени. Во автобусите се делеа сендвичи, а можеше да се види и голем број на малолетни лица кои беа донесени во главниот град од кои дел од нив се качија на бината на која се случи денешниот инцидент.