Кршење на прави процедури и мобинг е вообичаено за директорувањето на директорот на Клиниката за уво, нос и грло, Јане Нетковски, велат извори на КУРИР.
Кон крајот на минатата година, на деветмина ангажирани со договори на дело на Клиниката им завршил договорот. На вработените, како што вели нашиот извор, им било ветено од страна на директорот дека ќе бидат вратени на работа.
-Една од деветмината беше бремена, но сепак се врати на работа пред крај на годината или еден месец пред да и заврши договорот. Токму неа не и беше продолжен договорот со образложение дека е приоритет да се пренаменат парите за секретар на катедрата. Но, директорот сепак прими друго лице и на нејзиното работно место, а вработи и дополнително технички секретар на Клиниката, вели нашиот извор.
Лицето кое требало, пак, да се вработи на местото технички секретар, според систематизацијата на работни места на Клиниката треба да биде лице со факултет со јазици, а примено е лице со Економски факултет.
Ова, коментираат правници, е и непочитување на систематизацијата, од една страна, а од друга мобинг врз вработените лица на Клинката.
-Не може да се ветува дека на некој ќе му биде продолжен ангажманот, а потоа да биде прекинат токму на трудница, тоа е класичен мобинг на работно место. Исто така, секој претпоставен треба да ја почитува систематизацијата на институцијата со која раководи и да вработува лица како што е предводено, коментираат познавачите на приликите.
На сето ова, велат нашите извори, директорот Нетковски си вработува уште на Клиниката и тоа без било какви огласи или критериуми за соодветното работно место. Инаку последно вакво вработување е минатата недела.
-Директорите на клиниките прво не можат да потпишуваат било какви акти, а не да вработуваат. Сите имаат два мандати како вршители на должност, потоа мора да бидат именувани за директори, а не се. Иста е ситуацијата и со Нетковски, вели нашиот извор.
Актуелниот дирeктор беше назначен, па веднаш сменет со образложение дека станува збор за превид, потоа повторно назначен за директор на почетокот на 2018-та година од страна на министерот Венко Филипче.
Според тоа како директорува Нетковски, познавачите на приликите велат дека ни од далеку не станувало збор за превид.