Скандалите поврзани со владејачката гарнитура предводена од СДСМ никако да стивнат.
Вчера градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш на својот Фејсбук профил објави две фотографии од својата канцеларија во која се присутни неколкумина жени, а под фотографиите тој напиша „Старт на женски активности“ на Општинската Организација на СДСМ Шуто Оризари.
Оваа негова објава е скандалозна сама по себе бидејќи партиски активности се вршат во државна канцеларија во општината Шуто Оризари.
Уште поголем скандал е тоа што за време на овие партиски активности имало и деца.