Економија 02.02.2021 14:15

Скандал поврзан со „Ѕвездите на Гранд“- момче останало слепо

Скандал поврзан со „Ѕвездите на Гранд“- момче останало слепо

Регионалните медиуми пишуваат дека учесникот во „Ѕвездите на Гранд“, Лука Мишкулин претепал момче.

Наводно, Лука заедно со уште  три момчиња во август 2018 година бру_тално го претепале момчето Иван Микуљан кој по тепачката ослепел.

Лука потекнува од Винковци, а тој дошол во Белград со неговиот татко Дарио, кој е началник на граничната полиција на преминот Бајаково. Според хрватските медиуми, Лука и Домагој Чулеј, синот на поранешниот пратеник на ХДЗ, Стево Чулеј, Даниел Ходак и Габријел Чекиќ, го претепале Иван Микуљан, кој бил во болница четири месеци, а еден ипол месец бил во кома и потоа останал слеп.

Стево Чулеј за медиумите изјави дека неговиот син не е виновен и дека во медиумите се кренала врева само поради неговото име.

„Сакам да бидат осудени бидејќи од мене направија инвалид, а не бев виновен. Не се тепав со никој од нив, не ги повредив, повеќето не ги познавам, ниту сум слушал за нив. Сакам да знам зошто го направија тоа бидејќи и понатаму не знам“, изјави Иван во една прилика за 24сата.хр

Истрагата покажала дека Лука е тој кој го удрил Иван силно во главата. На Лука му се закануваат три години затвор. Како што пишува 24сата.хр тој го препуштил првото рочиште, а кога редакцијата се обидела да го контактира Лука за коментар, тој не се јавувал на телефон.

Лука во „Ѕвездите на Гранд“ се појави во декември и тоа на местото на кандидатка која не се појави бидејќи била болна.