Актерот Сашо Тасевски вели дека бил цензуриран. Поконкретно, директорката на Домот за култура во Прилер, му го откажала веќе договорениот стенд ап настан за кој биле продадени и карти.
-Претставата Северно од Македонија, што беше договорена ПРЕД ДЕСЕТ ДЕНА, во Домот на културата во Прилеп, за 31 март, веднаш по скопските претстави на 29 и 30 март, денес директорката ја откажа. Образложението не вреди да го спомнам. Грешки се случувале. Мене ми продава муда за бубрези. Јас бев директор, такви грешки не смеат и не можат да се случат. Распоредот секогаш беше пред мене, на биро. Овој и овој термин ви се слободни. Едноставно букираш термин и тоа е. Ниту еден што букирал не сум го извисил. Нека кажат. Ама на директорката во домот во Прилеп, некој и кажал да ме шутне, ама ако. Не е ни важно. Пропадна работата, иако веќе се продадоа преку двеста карти за таа претстава во Прилеп, и се направи плакат за билборд и други работи.Како јас и продуцентите да ги погледнеме сега во очи тие луѓе што купиле карти и сакале претстава? Му рекла на продуцентот ќе добиете простор кон средината на мај. После изборите и после све, кога веќе на никој не му е да се пика во домови за култура на 40 степени. Ај ако не, во јули да ја правиме на Халкидики. Врв на непрофесионализам. Да и ќе се дрзнам да кажам: ЦЕНЗУРА! Кој ве клацка! – пишува Тасевски на фејсбук.