Актуелно 22.01.2020 13:53

СКАНДАЛ: Шекеринска злоупотреби униформирани лица во партиска пропаганда (ФОТО)

СКАНДАЛ: Шекеринска злоупотреби униформирани лица во партиска пропаганда (ФОТО)

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е дел од изданието на „30 прашања со“ што го објави пред неколку дена нејзината матична партија СДСМ. Како што е општо познато спотовите ги прави Коста Петров во својство на потпретседател на СДСМ.

Сепак во спотот на Шекеринска злоупотребени се униформирани лица во партиска пропаганда. Останува нејасно како било дозволено да се снимаат во партиски цели офицери и војници во униформи на своето работно место во Министерството за одбрана кога тоа е најстрого забрането со закон. Нејасно е и во каква функција се појавил потпретседателот на СДСМ Коста Петров кога тој не е вработен во Министерството за одбрана.

Видеото е закачено на партискиот канал на СДСМ на Јутјуб.

Имено според член 131 став 12 од Законот за одбрана забрането е изразување и застапување политички ставови и убедувања во службата и предизвикување национална, верска и расна нетрпеливост.