Актуелно 29.12.2018 16:25

СКАНДАЛ: Со цел државата да удри по џебот на граѓаните, УЈП ги затвори вратите среде работно време

СКАНДАЛ: Со цел државата да удри по џебот на граѓаните, УЈП ги затвори вратите среде работно време

Од 7:30 до 16:30 канцелариите на УЈП денеска ќе бидат отворени за граѓаните кои не се регистрирале во системот, информираа од Управата за јавни приходи.

Но денес, голем број на граѓани наидоа на затворена врата. Иако беше најавено сосема друго работно време, службениците излегле од просториите речиси три часа пред истекот на работното време.

Повеќе граѓани ја контактираа редакцијата на КУРИР жалејќи се како од неправдата, така и од безобразниот однос на вработените.

-Имаше малку гужва и застанав да почекам ред. Вработените полека станаа и тргнаа кон вратата да си одат. Една жена викна и ги праша каде одат сите кога уште им е работно време, а тие скришум излегоа од просториите и заминаа, вели граѓанка која ја контактираше нашата редакција.

-Чуварот ни се развика зошто сме чекале последни денови. Му објаснувавме дека сме на работа и дека сега имаме време. Ни реше „Ајде сега мрш, не работиме“, ни раскажа скопјанка која чекала денес пред УЈП.

-Што сакаат, тоа си прават. Избегаа од нас, буквално, си заминаа. Ова намерно го прават за после да плаќаме казни од џеб, ни кажа еден граѓанин кој денес имал план да поднесе пријава.

Дополнително скандалозно е што од вработен на шалтер дознаваме дека иако за во понеделник беше најавено цело работно време, на вработените им било кажано пријави да примаат само еден час во денот. 31-ви јануари, инаку, е работен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Како што јави Курир неговата екипа излегла  на терен. Пред канцелариите на УЈП уште чекаат граѓани во надеж дека некој ќе дојде да си ја сработи работата за која е платен од нивни џеб. Залудно. Вработените одамна си заминаа.

Одговори сакавме да побараме од УЈП, но на нивните телефонски броеви се уклучува говорна пошта која ни порача „Јавете се во работно време“.

Ова требаше да биде нивно работно време, но ниту на управата, а ниту на државата, очигледно не им е грижа за граѓаните кои освен за нивните плати, од џеб ќе треба да издвојат и сума за големи казни.

извор :Курир

Најнови вести