Во текот не дуелот на Телевизија Канал 5, Зоран Заев призна дека е тој кој што го управувал и обвинителството и судството преку телефонски разговори и директни средби како треба да се води една постапка.
Заев директно призна дека и посочил на обвинителката Вилма Русковска како да го раководи случајот „Рекет“.
-Виe можеби и да сте го пријавиле случајот но не се пријавува случајот кога ќе го викнете кај вас во кабинет еве видете слушај сега што ќе правиме? Се знае каква е постапката господине Заев кога се пријавува случај. Каде е тој документ дека сте пријавиле Се сеќавате дека сте потпишале документ кога сте го пријавиле случајот, нагласи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, додаде дека за секој сторен криминал ќе се одговара пред законот и Уставот на Република Македонија.