Актуелно 22.01.2021 22:47

Скандалозна снимка: Медицински сестри правеле забава во КОВИД болница

Скандалозна снимка: Медицински сестри правеле забава во КОВИД болница

Хрватската телевизија РТЛ објави скандалозна снимка од забава којашто се случила просториите на ковид болницата Дубрава. Имено, оваа снимка настанала на почетокот од овој месец, а до редакцијата на РТЛ стигнала преку вработена во болницата.

На забавата присуствувале дел од медицинските сестри, а на снимката се гледа дека танцуваат со жива музика, без да внимаваат на растојанието и без маски како заштита.

Оваа ситуација ги налутила дел од нивните колеги, а една од нив вели дека во целиот свој работен стаж не доживеала вакво нешто.

– Во вакви ситуации ми е срам што сум медицинска сестра. Во 20 години работен стаж вакво нешто не сум доживеала. Непочитување на епидемиолошките мерки, алкохол, тамбури, песни и танц. И сето тоа во просториите на болницата, во режија на вработените. Не знам кој дозволи музичка група во болницата и дали воопшто знаел за тоа, но очекувам санкции за „актерите“ во ова случување. Мислам дека со ова се создаде грда слика за вработените коишто си ја работат работата како што треба. Целата болница зборува за таа спорна забава, а време е одговорните да се одговараат за ова и да се спречат ваквите настани во идина. Се бориме против вирус, а самите го шириме. Лута сум, а и разочарана, изјави една од медицинските сестри коишто работат таму.

Шефот на ковид болницата Дубрава, Ивица Лукшиќ изјави дека не е запознаен со случајот.

– Изненаден сум, но мора да знаете дека луѓето во болницата работат напорно и дека прво мора да ги разгледам сите околности коишто довеле до ова, рече Лукшиќ.

Засега не е познато колку од вработените, коишто биле присутни на забавата, биле на смена со задолжение да се грижат за болните, а колку од нив останале на забавата откако им завршила работната смена. Не е познат ни поводот за забавата.