Актуелно 15.10.2018 21:40

Славевски: СДСМ ниту успева да ги користи активните мерки за вработување, ниту може да смисли нешто ново

Славевски: СДСМ ниту успева да ги користи активните мерки за вработување, ниту може да смисли нешто ново

Универзитетскиот професор и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски на денешната дебата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Младинска невработеност“ , истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ максимално ги користеше активните мерки за вработување, и речиси се што можеше се примени, додека пак сегашната Влада на СДСМ не само што не може нешто ново да смисли, туку и постојните мерки не успеваат да ги користат.

– Ако ја гледаме првата полна година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ 2007 година беше година на ентузијазам, и кај владата во јавноста, оптимизам, се правеа планови за инвестирање и не е случајно што стапката на економски раст беше над 6%, еве гледаме во првата целосна година од владеењето на СДСМ според последните проценки и самите ја намалија и истата можеби ќе биде 1,6%, потенцираше Славевски.

Тој посочи дека иако потенцијалот на македонската економија е од 4% до 4,5% просечен годишен раст, нискиот раст од последниот период е затоа што актуелната Влада на СДСМ не се знае доволно да ги користи ресурсите во Република Македонија.

Токму затоа посочи дека треба максимално да се користат ресурсите во земјата, нешто што СДСМ не го прави и затоа ВМРО-ДПМНЕ во економскиот дел во новата програма ќе понуди решенија со кои македонската економија ќе земе залет.

На крај професорот Славевски им порача на младите на ВМРО-ДПМНЕ да не бидат нестрпливи туку да инвестираат во себе, да прават нешто што ќе ги подобри нивните квалификации и ќе ја зголеми нивната вредност.