Актуелно 28.01.2019 15:33

Случај пензински фондови: Дали СДСМ врши политичка пресметка со ДУИ?!

Случај пензински фондови: Дали СДСМ врши политичка пресметка со ДУИ?!

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска до Основното јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.

Нејасно останува како после толку детални анализи сторителот на ова дело останува непознат, ако се има предвид дека станува збор за државни институции за кои точно се знае кој ги раководел во тој временскиот период, кога настанало делото за кое се поднесува кривична пријава!?

Според упатените на овој начин СДСМ врши политичка пресметка со својот коалициски партнер ДУИ, од каде и доаѓаа директорите на Фондот за пензинско и здравствено осигурување во периодот кога се направени неправилностите.

– Темелните истражувања на пензискиот систем кои ги направи Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции за првпат по 12 години откри дека кај 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб. За нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако осигурениците ги исполнувале условите. На овој начин директно им било скратено правото за остварување повисока пензија на овие 12.000 идни пензионери. Така, еден осигуреник со просечна плата има изгубено околу 95 илјади денари во период од 2007 до 2018 година, се наведува во соопштението на МТСП.

Најнови вести