Актуелно 31.01.2019 12:40

Смеа во БиХ: Неуредни Додик, Џаферовиќ и Комшиќ се фотографираа со Могерини

Смеа во БиХ: Неуредни Додик, Џаферовиќ и Комшиќ се фотографираа со Могерини

Тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина вчера (среда) имаа официјална средба со еврокомесарката Федерика Могерини.

Но, на будните очи од корисниците на социјалните мрежи не им остана незабележано дека Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ не биле на висина на задачата, пишува Дневни аваз.

Напротив, Додик има најситна грешка, „поклопецот“ на џебот од неговото сако останал внатре, Џаферовиќ целосно утнал со центрирањето на вратоврската, а на Комшиќ му останала ногавицата подигната како да се подготвува за влез во нива, а ни сакото не го закопчал.

Смешно е, но и тажно, коментира порталот.