Актуелно 28.03.2021 18:00

Снежана Лупевска откри како се чувствува по примањето на АстраЗенека

Снежана Лупевска откри како се чувствува по примањето на АстраЗенека

Новинарката Снежана Лупевска – Созен откри дека се вакцинирала против Ковид-19 со „Астра Зенека“.

Таа во групата „Ковид 19 искуства и совети“ сподели како се чувствува ден по примената доза.

„Пост вакцинални ефекти. Вчера примив Астра Зенека: Сабајле во 6:30 ме разбуди треска, многу многу ладно. Облечена во тренерки и две кебиња и два јоргана (буквално така), пиев топол чај, па некако се стоплив и заспав. Сѐ ме болеше.. Се разбудив испотена и ми беше подобро, се ресетирав, само чувствувам омалаксаност и блага главоболка. Мислам дека на ова ќе остане и не е причина за страв и паника, туку соодветен имунолошки одговор на моето тело“, напиша таа во групата.