Живот 13.02.2021 11:29

Снежен рекорд од 40 см во Москва: Вака не било речиси 50 години (ВИДЕО)

Снежен рекорд од 40 см во Москва: Вака не било речиси 50 години (ВИДЕО)

Дневен рекорд во количината на врнежи е забележан во Москва, откако третина од просечните врнежи за февруари паднале за 24 часа, изјави денес метеорологот Михаил Леус.

Претходниот рекорд беше поставен во 1973 година, кога висината на снежната покривка во Москва достигна 40 сантиметри.

Метеорологот Леус изјавил дека денеска рекордот во висина на снежната покривка во Москва е 60 сантиметри.

Силна снежна бура ја погоди Москва вчера, а повеќе од 60.000 комунални услуги и 13.500 возила со специјална опрема дење и ноќе ги чистеа улиците и го отстрануваа снегот.