Кога станува збор за брзината на интернетот, Европа има некои од најбрзите интернет конекции во светот. Во рангирањето објавено од Cable.co.uk, во глобалните топ 10 доминираат европски земји. Меѓу подобро рангираните земји во Европа е и Македонија, воедно има и најбрз интрнет во регионот.
Податоците на Cable.co.uk се базираат на анализира на нд 1,5 милијарди тестови за брзина на широкопојасен интернет во 229 земји, во текот на 12 месеци, завршувајќи на 30 јуни 2024 година.
Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, потоа Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и Херцеговина 44,0 Mbps и на крај Бугарија 40,4 Mbps.
Најбрз интернет во Европа има на островот Џерси (264 Mbps) лоциран меѓу Велика Британија и Франција, во Лихтенштајн 246,8 Mbps. Врвот на глобалното рангирање содржи многу микро-држави и зависности. Ако ги исклучиме тие, Исланд (229,4 Mbps), Франција (152,5 (Mbps) и олан (142,5 Mbps) имаат најбрз интернет во Европа.
Додека, пак, Турција (24,8 Mbps), Албанија (25,4 Mbps) и Хрватска (25,7 Mbps) имаат најбавен интернет во Европа.