Мозаик 18.08.2018 07:38

Со дојави за бомби приземји девет авиони во три земји

Со дојави за бомби приземји девет авиони во три земји

Чилеaнската полиција упаси 29 годишен маж, кој со закани за поставени бомби, приземјил девет патнички авиони во Чиле, Перу и Аргентина.

Специјалната единица го упасила мажот на северот од Чиле во градот Антофагаста.

„Полицијата успеала да му влезе во трага на телефонските повици во кои имало заканување со експлозив во различни авиони“- изјави денеска полицискиот портпарол, Диего Рохас.

Упасениот ќе се појави пред судија во Сантијаго, каде ќе му биде прочитано обвинението за закана со експлозив и предизвикување општа опасност. Полицијата не го објави неговото име.

Стотици патници и нивниот багаж останаа блокирани на аеродромите откако беа упатени заканите за авионите на компанијата Латам и Скај.

Виктор Вијалобос Колао, генерален директор на чилеанската управа за цивилен авиосообраќај, претходно кажа дека имало вкупно 11 закани, од кои две биле „фиктивни“, а девет биле за постоечки летови.