Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2023 за долгови доспеани до 31.07.2023 и неплатени до 31.10.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.11/2023 објавени се 1815 должници – правни лица (повеќе за 32 од претходната листа) и 3683 физички лица (повеќе за 54 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2023 изнесува 9.067.088.954 денари, (повеќе за 872.182.529 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.900.288.661денари, (повеќе за 847.836.009 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 166.800.293 денари (повеќе за 24.346.520 денари од претходната листа).
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка, наведуваат од УЈП.
Листата е достапна на линкот тука.