Во огласот за декември за набавка на природен гас од ЕСМ е преформулирана содржината на понудата, во која се бара енергенсот да не е со потекло од Русија.
„ЕСМ продажба донесе одлука за набавка на гас за декември 2023 година за потребите на топланите Исток, Запад , Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ продажба. Цена по која ЕСМ продажба како носител на лиценца за трговија со природен гас го набави за декември е 56 евра за мегаватчас фиксна за варијабилна количина согласно потребите, а избрана е фирмата Грејстон (Greystone Bulgaria ltd) од Бугарија која понуди најниска фиксна цена, Гасот кој ќе се набави од Грејстон е мешавина од Азери гас (Azeri gas), Американ (American LNG, но не и Рашан натурал гас (Russian natural gas)“, соопштија од ЕСМ.
Во една од точките се бара „сертификат за потекло на природниот гас со кој се гарантира дека природниот гас не е со потекло од Руската Федерација“. Ако операторот нуди руски гас, се бара самиот да си ја плаќа екстра таксата што ја воведе Бугарија.
На 13 октомври Бугарија воведе такса од дополнителни 10 евра за мегават час за руски гас што минува низ бугарска територија. Досега од ЕСМ се бараше понудувачите да наведат само „земја на потекло на приорден гас“.
И во октомври и во ноември ЕСМ продажба работеше со бугарската фирма Грејстон.
За Македонија, Унгарија и Србија оваа нова такса што ја воведе Бугарија е „нелегална и непријателски чин“. За овој чин Македонија побара одговор од меѓународните институции (Европската комисија и Европската енергетска заедница) за решавање на овој проблем. До крајот на годинава Газпром нема да ја пресметува оваа такса во крајната цена за кои го користат врускиот гас.
Македонија, поради оваа такса, побара од Бугарија да го зголеми капацитетот на единствената цевка преку која гасот се внесува во земјава, за да може да се обезбедат поголеми количини од други места. Инаку, постоечкиот гасовод е под закуп на Газпром до 2030 година. ()