Актуелно 04.11.2019 17:59

Со новите даночни измени, Кочо Анѓушев ќе плати минимум 2 милиони денари помалку данок на личен доход, а Министерката Нина Анѓеловска 300 000 денари.

Со новите даночни измени, Кочо Анѓушев ќе плати минимум 2 милиони денари помалку данок на личен доход, а Министерката Нина Анѓеловска 300 000 денари.

Минатата недела министерката за финансии најави дека примената на прогресивниот данок на личен доход ќе се одложи до 2023 година. При тоа потенцираше дека се одлага и одданочувањето на данокот од капитал (камати по дадени заеми, депозити и приноси од инвестиции во удели во инвестициски фондови) како и оданочувањето на капиталните добивки (добивките од продажба на недвижен имот, хартии од вденост и удели во приватни фирми).

Со увидот на анкетниот лист на вицепремиерот Кочо Анѓушев што го има објавено Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се забележува дека вицепремиерот поседува орочени депозити во банки во вкупна денарска противвредност од 232.972.768 денари, потоа има побарување од камата по дадени заеми во вкупен износ од 7.953.413 денари. Доколку се пресмета данокот од овој приход на вицепремиерот со примена на стапката од 15%, а за која министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека ќе биде со одложена примена, тогаш вкупниот данок кој би го ЗАШТЕДИЛ вицепремиерот по овој основ изнесува 1.882.930 денари. Доколку каматата достасува во текот на следната 2020 година, тогаш овој данок ќе биде заработка за вицепремиерот поради одлагањето на примената на Законот за данок на личен доход.

Понатаму, вицепремиерот поседува станови и деловен простор кои ги изнајмува со месечна рента од 1.680.000 денари годишно. Слично како и погоре наведеното, поради одлагањето на примената на Законот за данокот на личен доход, ефектот од заработка за вицепремиерот би изнесувал 109.804 денари. Така вкупниот данок на доход од капитал кој вицепремиерот ќе го заштеди поради одлагањето на Законот за данок на личен доход изнесува 1.993.734 денари.

Состојбата кај министерката за финансии е следната: таа ќе заштеди вкупно 290.735 денари данок од доход од капитал по основ на камати од орочени депозити и удели во инвестициски фондови, како што објавила во нејзиниот анкетен лист.

Графиконот на сликата покажува дека вицепремиерот ќе заштеди 6.85 пати повеќе пари од министерката за финансии поради одлагањето на данокот од личен доход. Од овде изјавата на вицепремиерот дека не влијаел врз министерката за финансии да ја одложи примената на Законот за данок на личен доход не е во склад со реалните бројки според пресметката.

Што се однесува до уделите што вицепремиерот ги поседува во неговите фирми во вкупен износ од 1.207.602.253,00 денари, тогаш сеуште не е познато дали и колкав износ на дивиденди планираат да исплатат неговите фирми на на сметката на вицепремиерот во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани на 12 април 2020 година, односно колкав износ на данок вицепремиерот ќе заштеди по основ на остварена капитална добивка по основ на дивиденда, поради одлагањето на примената на Законот за данок на личен доход. Теоријата на инсајдерските информации кажуваат дека вицепремиерот планира сириозно да се офајди од одлагањето на данкот за личен доход.

Вицепремиерот во својот анкетен лист не го ажурирал податокот за тоа во колкав износ (4.5 милиони евра) ги продаде неговите удели во ЕДС на грчката компанија ППЦ за да може да се пресмета и износот на капиталната добивка што вицепремиерот ќе ја оствари од купопродажниот договор кој го склучи во екот на решавањето на спорот со името со Грција и на тој основ да се пресмета колкав износ вицепремиерот ќе заштеди од одлагањето на примената на Законот за данок на личен доход по основ на остварена капитална добивка од продажба на удели, т.е. хартии од вредност.

Имајќи ги сите овие факти, како логично се наметнува прашањето ДАЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ КОЧО АНЃУШЕВ ЈА ИЗЛАЖА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ ДЕКА НЕ ВЛИЈАЕЛ ВРЗ МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ НИНА АНГЕЛОВСКА ДА ЈА ОДЛОЖИ ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД СО ЦЕЛ ДА ЗАШТЕДИ МИЛИОНСКИ СУМИ КАКО ЕФЕКТ ОД ОДЛАГАЊЕТО НА ПРИМЕНАТА?

ЕДНО Е СИГУРНО ЈАСНО, А ТОА Е ДЕКА КЛУЧНИТЕ ВЛАДИНИ ФУНКЦИОНЕРИ (И БИЗНИСМЕНОТ КОЧО АНЃУШЕВ И БИЗНИСМЕНКАТА НИНА АНГЕЛОВСКА) ДЕБЕЛО ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ОДЛАГАЊЕТО НА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД.