Живот 06.12.2018 21:04

Со осум години Ѓорѓи руши рекорди: Ми требаат 2 секунди да ја решам Рубиковата коцка!

Со осум години Ѓорѓи руши рекорди: Ми требаат 2 секунди да ја решам Рубиковата коцка!

Тој има само 8 години, освоени три златни и еден сребрен медал, а има срушено дури 20 рекорди – Ѓорѓи Чешмеџиевски, македонскиот рекордер во решавање Рубикови коцки, за hashtag.mk ги откри тајните на ова навистина интересно хоби.

„Ми требаат 12 секунди за 3х3 коцка, за скјуб 2.89 секунди, за 2х2 е 2.2 секунди, за 4х4 ми е 53 секунди, а за пирамида 4.25 секунди. Во скјуб сум рекордер во Македонија…јеееее….“ – вели меѓу другото Ѓорѓи во разговорот.