Актуелно 14.11.2019 17:47

„Со предлог буџетот за 2020-та година, СДСМ ја краде иднината на граѓаните и го ограничува развојот на државата“

„Со предлог буџетот за 2020-та година, СДСМ ја краде иднината на граѓаните и го ограничува развојот на државата“

Владата на СДСМ на чело со Зоран Заев водени единствено од популистички побуди и интереси се обидува преку предизборен поткуп да ги затскрие катастрофалните резултати од лошите економски политики кои ја уништуваат македонската економија и го загрозуваат економскиот просперитет и иднината на македонските граѓани, порачува Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Клучната цел на секоја одговорна Влада е создавање на подобри услови за приватниот сектор и граѓаните преку реализирање на што е можно повеќе капитални проекти. За жал, оваа Влада на СДСМ има сосема поинаква цел.

Тоа го покажува фактот дека стапката на реализација на капиталните инвестиции во последните две години е историски најниско. Дополнително, оваа година се предвидуваат цели 44 милиони евра помалку средства за капитални расходи во споредба со предвидените средства за оваа намена во првичниот буџет за 2019 година. Да не заборавиме дека од тие предвидени средства за капитални инвестиции за 2019 година во првите три квартали од годината се реализирани само 37.6%.

За сметка на скратените средства за капитални проекти, Заев планира повеќе средства за неговите и потребите на луѓето околу него. Имено, во предлог буџетот за 2020 година има зголемување на средствата за непродуктивни трошења во форма на стоки и услуги на државните институции за цели 22 милиони евра споредено со минатата година.

Исто така, Заев има обезбедено 139 милиони евра повеќе средства за социјални трансфери споредено со првичниот буџет за 2019 година, што ја покажува неговата намера за предизборен поткуп. Да не заборавиме дека тоа се пари кои се плаќаат од џебот на македонските граѓани и пари кои треба да ги враќаат идните генерации.

Ова покажува дека оваа Влада нема никаква одговорност пред македонските граѓани за начинот на кој ги троши нивните пари. Пострашно, оваа неспособна Влада на СДСМ нема никаква визија за развој на македонската економија, ниту има капацитет да реализира проекти за реално подобрување на условите за живот на граѓаните и условите за работа на бизнис секторот.

Главната цел на СДСМ и Заев е да манипулираат со јавноста и да глумат душегрижници додека од позадина ја плачкосуваат државата и ја користат моќта за лично богатење.