Економија 31.10.2018 18:42

Со веб-страница 53,9 проценти од фирмите, 21 процент со онлајн-нарачки

Со веб-страница 53,9 проценти од фирмите, 21 процент со онлајн-нарачки

Од вкупниот број фирми во Македонија 53,9 проценти годинава имале вебстраница или почетна страница. Од нив, 89,6 проценти на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 51,7 процент имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните мрежи, а 21 процент обезбедиле онлајн-нарачување или резервирање, објави денеска Државниот завод за статистика, пренесе МИА.

Од вкупниот број фирми во Македонија 53,9 проценти годинава имале веб-страница или почетна страница. Од нив, 89,6 проценти на веб-страницата понудиле опис на производите/ услугите, ценовници, 51,7 процент навеле линкови/референци до нивните профили на социјалните мрежи, а 21 процент обезбедиле онлајннарачување или резервирање, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во однос на е-трговијата, 5,7 проценти од деловните субјекти, со епродажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 4,4 проценти примиле нарачки за стоки или услуги, преку веб-продажба.Од вкупниот број фирми, 94,4 проценти користеле компјутер во својата работа. Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 81,5 процент од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.