Актуелно 12.08.2018 12:26

Социјалната инспекција спие сред лето, а последиците за ранливите социјални групи катастрофални

Социјалната инспекција спие сред лето, а последиците за ранливите социјални групи катастрофални

Новиот скандал со претепаното 2 годишно дете од страна на таткото насилник повторно ја потресе јавноста. Социјалните служби остануваат дезориентирани во најчувствителниот сегмет во државата- социјалната заштита и превенција велат извори од невладиниот сектор за Курир.

Директорката на Центарот за социјална работа на град Скопје  Наташа Станојевиќ во изјава за медиумите откри дека ова не било прв пат да се случува брутално насилство во домот на 47 годишен регистриран насилник. Сопругата и децата биле сместени во Шелтер центар во фебруари годинава, но сопругата  донела одлука да се врати во домот на насилникот.