Актуелно 12.01.2019 15:32

Социјалните мрежи вријат по промената на името од страна на СДСМ и Заев: „Ги искрваривте срцата на чистите Македонци“ (ФОТО)

Социјалните мрежи вријат по промената на името од страна на СДСМ и Заев: „Ги искрваривте срцата на чистите Македонци“ (ФОТО)

Социјалните мрежи вријат откако вчера во македонското собрание 81 пратеник ги изгласаа уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа.

Пратениците со двотретинско мнозинство вчера во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен и прогласен и Уставниот закон за спробведување на амандманите.

На седницата не присустуваше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

И диодека во Собранието пратениците одлучуваа за судбината на Македонија, социјалните мрежи речиси да вриеја од негативни коментари поврзани со промената на името.

Тие едногласно не го поддржаа Заев во намерата да го смени името на нашата земја.

-Ги искрваривте срцата на чистите Македонци, грев на вашите души и вашето племе.

-Каква е таа влада која купува пратеници, тоа е корупција и велепредаство, тоа не е законски. Тие сите треба да одговараат пред законот на Република Македонија.

-Што се однесува до нас не морате да чекате, можете веднаш да се иселите на север, никој не ве сака овде. А што се однесува до нас Македонците за секогаш ќе останеме Македонци, се само дел од коментарите на социјалните мрежи поврзани со промената на името Република Македонија.