Во јавноста излезе документ во кој Сојузот на стопански комори се обраќа до премиерот Заев во врска со спорен предлог за нов закон за вршење на сметководствени работи.
Имено, сојузот на комори во писмото адресирано до премиерот Заев ја изразуваат својата загриженост и гневност заради како што велат во писмото нетранспарентниот предлог нов закон за вршење на сметководствени работи.
Понатаму, во писмото се кажува дека сметководителите врз основа на постојното законско решение како и правните лица во Македонија имаат превземено инвестиции со цел да го имплементираат Законон за вршење на сметководствени работи кој е функционален за како што велат од Сојузот на стопанките комори сега на несериозен начин а нејасно за чии интереси се подготвил овој нов закон кој според нив постои обид на нетранспарентен начин и без широка расправа да се донесе.


Исто така во подолу во писмото се кажува дека како релевантни институции застануваат силно против вакво носење на закон потенцирајќи дека во конкретниот предлог закон се предвидува интервенционизам од страна на државата и нејзините органи врз Институтот на сметководители и овластени сметководители на Р. Македонија(ИСОС) кој е спротивен на европската пракса , меѓународни правила и хармонизација на легислативата кон која се цели.
Инаку, Во предлог измените како образложение зошто законот се менува стои дека 50 лица ( како што предвидува постоечкиот закон ) не можеле да управуваат со организација од 8.000 членови и се бара со новите измени да има по еден претставник на стотина луѓе.
Во писмото се напоменува дека администрацијата на Министерството која го подготвила новиот закон не се консултирала со засегнатите организации и релевантни засегнати страни и дека очигледна е намерата за носење на законот на сила. Како што се кажува во писмото јавна расправа по овој закон не е предвидена со што како што јасно се воочува дека станува збор за нетранспарентен процес на донесување на закон кој е важен за целокупното стопанство.
Тие истакнуваат дека ваквиот тип на ненаменско кроење на закони кои одговараат само на поединци кроени зад затворени врати , а не на потребите на условите на пазарот и треба да се дел од минатото.
Владата пред да дојде на власт постојано ветуваше дека процесите и сите закони кои ќе се носат а ги засегаат граѓаните организациите и т.н ќе се носат на транспарентен начин и со дебата но како што гледаме тоа воопшто не е пракса.