Живот 16.08.2024 12:21

Сончевата енергија ќе стане најважен извор на енергија до 2050 година

Сончевата енергија ќе стане најважен извор на енергија до 2050 година

Енергетскиот сектор можеби достигна точка каде што постои синергија помеѓу употребата на соларна технологија и процесот на учење на компаниите за да се направи попристапен, истакнуваат научниците од Универзитетот во Ексетер и Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Според студијата на британските научници, Сонцето најверојатно ќе стане најважниот извор на енергија во светот до 2050 година.

– Напредокот на обновливите извори на енергија значи дека проекциите во кои доминираат фосилните горива веќе не се реални – наведе раководителот на истражувањето д-р Фемке Нијсе од Институтот за глобални системи на „Ексетер“.

Постои растечко верување дека драматично намалената цена на обновливата енергија во голема мера ќе го олесни намалувањето на јаглеродот во земјите во развој. Додека патот за сончевата енергија да стане најважен извор на енергија се чини дека тој е поставен, дури и без поддршка од поамбициозни климатски политики.

Научниците предупредуваат дека сепак има пречки. Тие идентификуваа четири области што би можеле да ја спречат транзицијата кон доминација на сонцето: достапност на стабилни електрични мрежи, соларно финансирање во земјите во развој, капацитет на синџирот на снабдување и политички отпор во регионите во кои многу работни места се поврзани со индустриите на фосилни горива.

Затоа, владите треба помалку да се фокусираат на транзицијата кон самата соларна енергија, а повеќе на отстранување на овие четири пречи, пре научниците. Тоа вклучува обезбедување на снабдување со енергија кога сонцето не свети, на пример преку ветерници и далноводи меѓу регионите. Особено на африканските земји ќе им треба пристап до финансии за да се справат со транзицијата кон соларна енергија.

Синџирите за снабдување треба да се зајакнат, особено за критичните суровини како што се литиум и бакар, кои се потребни за производство на батерии. Загубите на работни места во фосилните горива и поврзаните индустрии, од кои зависат околу 13 милиони луѓе во светот, мора да се ублажа, велат научниците.

Најнови вести