Мозаик 14.01.2019 12:49

Соодветна родителска мотивација

Соодветна родителска мотивација

Ако родителите поставуваат превисоки критериуми, детето нема да биде мотивирано. Тие треба да научат да ги толерираат неговите грешки и да му дадат до знаење дека веруваат во неговите способности.
Кога си го замислуваме растењето на нашето дете, додека е уште новороденче, ние веруваме дека со пелените и со ноќните будења ќе запрат сите поголеми проблеми и дека ќе започне период на игра, радост, прегратки и бакнежи. И тоа ќе биде, но ќе дојдат и нови предизвици. Многумина ќе помислат, ако тие беа добри ученици и детето лесно и брзо ќе се прилагодува на училиште, но не мора да биде така. Можеби вашето дете едноставно нема да го сака училиштето , поточно нема да сака да учи. Ако е така, сигурно ќе наниже и лоши оценки, а тоа е моментот кога и професорите и родителите ќе почнат силно да го изразуваат своето незадоволство. “Тоа би можело доколку би сакало, но не покажува интерес на настава, не е активно, не учи доволно …” слушале од одделенскиот раководител оние родители чие дете повеќе сака да гледа низ прозорецот, отколку на таблата.

Потребно е да се избегнат критики и големи казнувања затоа што тоа може да доведе до контрадејство, односно детето може да се чувствува засрамено и демотивирано
– На мотивацијата на детето големо влијание имаат родителите. Ако родителите поставуваат превисоки критериуми или немаат доверба во неговите способности, детето нема да биде мотивирано. Слушајќи ги а овие пораки, детето ќе развие чувство на беспомошност, длабоко верувајќи дека тоа не е во состојба да изврши некаква задача и дека со труд тоа не може да го промени – вели психологот Теа Кнежевиќ, од психолошкиот центар Proventus и предупредува дека ако тоа се случи дека детето ги зареди лошите оценки, важно е колку е можно порано тоа да се воочи и да се реагира.

– Неопходно е да се избегнат критики и големи казнувања, бидејќи тоа може да доведе до контраефекти, односно детето може да се чувствува посрамено, лошо и демотивирано. Важно е да се утврди зошто детето добива лоши оценки. Всушност, не е секогаш заради негрижата на детето, мрзеливоста или нешто друго, за што родителот мисли дека детето треба да биде подобро контролирано. Особено во пониските одделенија потребно е да се обрне внимание на тоа дали детето има проблеми со разбирањето на материјалот, разграничување што е повеќе, а што помалку важно, дали може да го следи во чекор материјалот, постои ли некоја поголема потешкотија со читањето, пишувањето или броевите … – истакнува Кнежевиќ и додава дека ако овие нешта не се воочат на време и ако не се реагира соодветно, кај детето може да се создаде проблем на ниско самопочитување и можат да се јават фрустрации и одбојност кон училиштето.

Родителите треба да научат понекогаш да ги толерираат грешките на детето и да му дадат до знаење дека веруваат во неговите способности
Нашиот соговорник советува дека родителот би требало, со емпатија, а не осудување, да му помогнат на детето заеднички да се најде начин како да се надмине проблемот. Ние не смееме да заборавиме дека со поаѓањето на училиште детето туку што почнува да учи како воопшто нешто се “учи” како треба да се пристапи кон материјалот, како да се организира … Сега треба да усвои голем број на нови вештини и потребно е да се има многу разбирање и трпение.

– Кога детето прима порака дека е способно и дека со своите напори може да постигне нешто, а родителите воедно ја нагласуваат посветеноста и покажуваат доверба кон детето, очекуваат успех, но ги толерираат грешките, се развива ориентација за совладување со задачата, одн. желба да се научи содржината – вели Кнежевиќ.

За да полесно го надминете периодот со повеќе лоши оценки, јавете му се на одделенскиот наставник или предметниот наставник кој го мачи детето и со отворена дискусија дознајте како се однесува на одредениот час, каков впечаток детето остава и договорете заедничка стратегија. Најверојатно ќе ви предложат посетување дополнителна настава која би му помогнала на детето да ги надмине тешкотиите и да направи се за да надомести пропуштено или неуначено. Доколку е потребно, договорете се со детето: ако сака некоја воннаставна активност, на некое време ограничете ја таа активност додека не ги исправи оценките или скратете му го времето за игра. И запомнете, не поставувајте превисоки критериуми, бидејќи не се сите родени да бидат одлични.

Да се поттикне желбата да се научи содржината
Кога детето прима порака дека е способно и дека со својот труд може да постигне нешто, а родителите воедно ја нагласуваат посветеноста и покажуваат доверба во детето, се очекува успех, но ги толерираат грешките, се развива ориентација ориентација на совладување на задачата, вели психологот.