Стравични фотографии од ѓубре , шприцеви , градежен шут околу студенствкиот дом Гоце Делчев објавија активистите на Фејсбук групата „Не биди ѓубре“. Тие најавија акција за чистење на овој простор за во недела.
-Собрана е фина екипа за акцијата во недела, многу параѓубреџии и 15 души со опрема, камион и косилици, поддршка од градоначалникот Стефан Богоев. Ова е отворена покана и за сите студенти бивши и сегашни кои дел од животот поминале и поминуваат таму, за сите архитекти, за сите соседи, како и за секој еден кој се срами од она како тоа таму во моментов изгледа, напиша актерката Ирена Ристиќ.