Мозаик 18.05.2018 08:57

Совети за успех од Џек Ма

Совети за успех од Џек Ма

Без разлика на која возраст се наоѓате Џек Ма за вас има по некој совет како најдобро да се снајдете во тој период и што е она што треба да го правите.

Пред да наполните 20 години бидете посветени и добри студенти. Потребно ви е искуството кое ќе го стекнете на универзитет, а ќе го примените понатаму.

Пред да наполните 30 години почнете некого да следите. Не заборавајте дека секој почеток е со мали чекори. Започнете во мали фирми. Во големите ќе се чувствувате како дел од големата машина, но во малите ја учите страстра и ги учите соништата. До 30 години не е во која фирма ќе отидете туку кого ќе следите, само добриот шеф ве учи различно.

Помеѓу 30 и 40 годишна возраст треба да размислите дали сакате да работите за себе. Доколку сакате да бидете вистински претприемач тогаш ова е вистинското време кога да почнете да ги остварувате вашите соништа.

Помеѓу 40 и 50 години посветете се на работите во кои што сметате дека сте добри. Не се префрлајте на друга област различна од онаа во која што сте биле бидејќи може да биде предоцна.

Помеѓу 50 и 60 години обидете се да го вратите светот на младите. Младите луѓе тогаш ќе го можат тоа подобро од вас. Потпрете се на нив, дајте им поддршка, вложувајте во нив. Тие можат.

Кога ќе наполните 60 години посветете си време на себе. Уживајте, одете на плажа, шетајте. Предоцна е за промени.

А на оние кои моментално се наоѓаат на 25 годишна возраст тој им порачува да прават што е можно повеќе грешки. Бидете без грижи. Ако паднете , ќе станете. Ако пак паднете, уживајте. Имате 25 години, уживајте го шоуто.

Тој вели, доколку имате 35 години и сте сиромашни, го заслужувате тоа. Сиромашни сте бидејќи немате амбиција. Амбицијата е онаа идеална цел во животот која мора да си ја поставите доколку сакате воопшто некогаш да ја исполните.