Актуелно 01.04.2020 10:43

Спасовски призна: Граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на кредитите

Спасовски призна: Граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на кредитите

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашната емисија Топ тема на телевизија Телма истакна дека, граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на кредитите.

-Ние можеме сега да побараме се да се одложи, во функција на некаква помош, но мораме да водиме сметка особено за банкарскиот систем или сектор и мораме да направиме се за истиот да го одржиме таков, посочи Спасовски.

Тој вели решиле да се помогне, но секоја од банките да изврпи одлагање за три до шест месеци.

На прашањето дали одложувањето е со дополнителна камата, тој рече дека точно е дека не е предвидено да се стопира каматата, но треба да се има во предвид дека треба да се одржува ликвидноста на банките.

Новинарката Наташа Стојановска му посочи на Спасовски дека чесно е на граѓаните да им се каже дека ќе се одложат плаќањата на каматите, но на тоа тече дополнителна камата, затоа што на ваков начин се доведуваат до заблуда, таа вели дека банките имаат повеќе од 100 милиони евра профит, и ниедна банка не ги намали кредитните стапки.

Спасовски на ова рече дека ова било повеќе од чесно, но морало да се одржи ликвиден банкарскиот сектор.